Безмалку три месеци поминаа по последниот примен гол на прилепска Победа во Втората фудбалска лига на Македонија. Беше на 30 ноември 2024, кога прилепскиот тим со 1:0 загуби во Гевгелија, од Кожуф. Тој гол беше примен во 76. минута, на 14 минути до крајот. Ако ним им се додадат трите наредни меча по 90 минути без примен гол (Победа – Детонит 0:0, Победа – Брегалница 0:0 и Борец – Победа 0:1) се собираат вкупно 284 минути без примен гол. Потсетуваме, претходно екипата примаше скоро по два гола во просек по натпревар. Значи – играта во одбрана е значаен фактор во екипата Победа, а тоа се виде токму на вчерашниот меч во Велес, кога со само еден постигнат гол се освоија трите бода.
Сега со нетрпение и во клубот и кај публиката се чека следниот меч во Прилеп, со второлигашкиот лидер Македонија ЃП.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403