Наближува Меѓународниот турнир за најмлади категории фудбалери „Прилеп куп 2023“. Најновата информација е – наместо три, ќе трае четири дена, од четврток 10 август до недела 13 август. Така одлучија организаторите – Општина Прилеп и ФК Прилеп поради големиот интерес за учество на екипите во пет возрасни групи – од најмали пионери родени 2015 до повозрасни од 2011 година. Пријавени се 60 екипи од многу клубови од Македонија, а има и од странство, од Србија – Дубочица од Лесковац.
Уште од денеска ќе се знае распоредот за одигрување на натпреварите на игралиштето кај Могилата и на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.