Бизнис лигата за мал фудбал на Прилеп е преубава можност за дружба и претставување на 18 екипи од компании, работни организации. Во нив покрај рекреативци, има и познати имиња од големиот фудбал, коишто настапувале за прволигашки екипи, па и за репрезентацијата на Македонија. Така, во екипата Македонски пошти член е Благоја Гешоски, некогашен фудбалер на Победа, 11 Октомври, Вардар и други клубови, како и за Младата репрезентација на Македонија. Кога беше во Победа настапи на меѓународните натпревари, каде има неколку гола. На пример, има гол против ерменскиот Пјуник во Скопје (Лига на шампиони 2004), претходно со словачкиот Спартак во Трнава (Куп Интертото 2003) и гол со австрискиот Пашинг во Прилеп (Куп Интертото 2003).
По одиграни 11 кола екипата Македонски пошти со 11 бода е на 14. место меѓу 18 екипи во Бизнис лигата.