Дефинитивно е јасно дека Фудбалскиот клуб Победа добива нови сопственици на мнозинскиот дел од акциите, така што се случува мошне значајна реформа. Предмалку, со посредство на свои претставници од градов, новите акционери (чии имиња ќе се дознаат по завршувањето на процедурите) се обраќаат до јавноста, до сите прилепчани на кои им е при срце името Победа. Обраќањето го објавуваме во целост:
„Почитувани љубители на спортот,
Ве известуваме дека ФК Победа АД Прилеп во моментов се наоѓа во период на примопредавање на извршната власт. Новите акционери донесоа одлука сите средства од продажба на билети за претстојниот натпревар помеѓу ФК Победа и ФК Башкими да бидат наменети за помош на семејствата на жртвите од трагичниот настан кој се случи на 16.03.2025 година во Кочани. Билетите ќе се продаваат на штанд na ФК Победа кој ќе биде поставен на Градскиот плоштад во Прилеп, како и пред Градскиот стадион ,Гоце Делчев‚ пред почетокот на натпреварот.“
Само да додадеме дека второлигашкиот меч Победа – Башкими е в сабота од 15 часот.