Пролетва екипата Младост 96 се бори за нова титула државен пингпонгарски шампион на Македонија, а еден од најсилните адути кон таа цел е Србинот Ѓорѓе Борчиќ. Тој тренира во својот роден град Бачка Паланка, а токму кога треба доаѓа во тимот Младост 96, во деновите кога има првенствени мечеви. Не е ни едноставно ни лесно, но овој човек издржува постојано патување по близу 600 километри во еден правец. И пак победува! Подолу е аудио-разговорот со него.
АУДИО