Од ракометот за прилепчаните интересни се два ранга. Во Супер лигата на Македонија за мажи е 22. коло. За денеска (вторник) во 19,30 часот, во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е закажан мечот во Прилеп, Прилеп – Еурофарм Пелистер. Гостинскиот тим е гигант во македонскиот ракомет, а и сега лидер на табелата. Вечерва доаѓа предводен од Шпанецот Раул Алонсо – тренер и прилепчанецот Ице Сколески – помошник-тренер. Претходно и потоа се другите дуели: Вардар – Струга, Тиквеш – Борец, Бутел – Пролет, Радовиш – Куманово и Алкалоид – Охрид.
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Вардар 38, Охрид 30, Тиквеш 23, Бутел 22, Пролет и Прилеп 17, Куманово 10, Борец 8, Струга 7, Радовиш 4.
Во Женската ракометна лига на Македонија, во плејаутот на ред е 3. коло. Закажано е за утре (среда). Во Прилеп од 19,15 часот е дуелот Деспина – Стружанка, а уште се среќаваат МРК Ѓорче Петров – Шампион и Спартак – Пелистер.
ТАБЕЛА: Деспина 6, Спартак 5, Пелистер 4, Овче Поле 3, МРК Ѓорче Петров 2, Стружанка 1, Шампион 0.