На стадионот кај Могилата во Прилеп се одигра градското дерби од 9. коло на А-групата на Општинската фудбалска лига на ОФС Прилеп, Прилеп сити – Корзо. Тимовите кои го користат истиот терен, одиграа меч по студено и дождливо време. Иако и Прилеп сити имаше шанси, голови паднаа само во неговата мрежа и тоа вкупно 5. Резултатот е 5:0 за Корзо, тим во кој настапи 60-годишниот играч Коце Анѓелески. Сепак, стрелци се многу помладите: 25-годишниот Кирил Мирчески 3 гола, 18-годишниот Леонид Шајкароски и 27-годишниот Марио Стојаноски по еден.
На ова дерби правдата ја делеа Филип Боцески, Андреј Паскоски и Леонид Стеваноски, а делегат-контролор беше Жарко Димески.
На табелата Корзо има 7 бода, Прилеп сити 1. Во следното 10. коло Корзо дома игра со Козара (Заполжани), а Прилеп сити гостува кај Напредок (Крушеани).