Дербито од 9. коло на А-групата на Општинската фудбалска лига на ОФС Прилеп го доби лидерот на табелата. Во Забрчани, Кадица – Млекар (Мало Коњари) 1:0. Стрелец е Бобан Крстески во 65. минута. Овој тим, Кадица продолжи со серијата победи, така што досега ги има сите осум меча во своја полза, ниеден пораз ниту реми.
РЕЗУЛТАТИ / СТРЕЛЦИ: Прилеп сити – Корзо Прилеп 0:5 (Кирил Мирчески 3, Леонид Шајкароски, Марио Стојаноски), Стрела Ерековци– Напредок Крушеани 6:1 (Зоран Секирски 2, Николче Марковски 2, Никола Ристески, Валентин Дебрешлиоски – Самоил Граороски), Кадица Забрчани – Млекар Мало Коњари 1:0 (Бобан Крстески).
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 10. КОЛО