Фудбал

ПО ДОЛГИ 12 ГОДИНИ ПОБЕДА КАКО ПРВОЛИГАШ ЌЕ ИГРА НА ГРАДСКИ!

Голема бројка се за македонски критериуми овие 4-5000 гледачи кои во последно време доаѓаат на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Колку ли само ќе бидат во август, кога ќе почне новото првенство од Првата лига, ранг каде екипата на Победа се враќа по три години?

Ништо чудно да бидат и 10 илјади, а еве и зошто:

Победа по три години се враќа во Првата лига, но вистински се враќа по долги 12 години. Затоа што претходните учества во елитното друштво меѓу 2016 и 2019 година, може да се каже дека беа само импровизација. За Победа не постоеше домашен терен. Ако играше во Прилеп, во ретки ситуации, тоа го правеше на игралиштето кај Могилата, што не е вистинско „дома“, а најчесто се случуваше да игра по други градови, како Битола, Охрид, Велес, Штип, Струмица… На Градскиот стадион во Прилеп не одигра ниеден меч. Според ова, на прволигашката сцена Победа, со можност да игра на својот терен од Градскиот стадион, вистински се враќа по долги 12 години. Последниот прволигашки натпревар тука го одигра на 25 април 2010 со Турново. Тренер беше Горан Тодоровски, а играа Пашовски, Б. Велјаноски, Јанковиќ, Б. Дамевски, Спиркоски, (В. Велјановски), Стојанов, Мегленски, Шабани, Дунимаглоски (Пластиновски), Петровиќ, Димитровски. Тоа беше тажен ден, не поради поразот со 0:1, туку поради казната од УЕФА со која осум години клубот се отстрани од сите натпреварувања. Потоа се случи реновирањето на стадионот, така што сите околности придонесоа да се чека долго време до следниот прволигашки меч на Победа.

Преубаво е на стадионот во Прилеп. Тие што биле – пак сакаат да дојдат, тие што не биле – ја слушнале еуфоријата и на километри далеку од стадионот, па сигурно нема да го пропуштат следниот спектакл во август.

Од категоријата

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА ВО ПРЕОДНИОТ РОК?

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ВЕЛЕШАНИ РЕМИЗИРАА – Г. КОЊАРИ ИСКОРИСТИ!

Зоран Иге

(аудио) ШТО ИМА НОВО ВО ПОБЕДА – ОД ТРЕНЕРОТ НИКОЛОСКИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе