Екипата Победа од Прилеп е во успешна серија од три кола (реми во Новаци 0:0, победа дома со Саса 1:0, победа наф Вардарски во Богданци 1:0), а шансата е да продолжи утре (сабота) на својот терен од Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Утре во 16 часот Победа (11. место на табелата со 30 бода) го пречекува кочанското Осогово (14. место со 22 бода). Се очекува атак кон гостинскиот гол, но интересно е што тој гол ќе го брани прилепчанец – Ѓорѓи Јованоски. Интересен меч затоа што Победа настојува да се пробие уште погоре во средината од табелата, а Осогово да побегне од бараж-позицијата. Во претходното коло Осогово направи подвиг победувајќи го Башкими дома со 1:0.
Што се однесува до публиката, стремеж е таа да се зголемува од меч во меч на трибините во Прилеп. Картите совреме се пуштени во продажба по цена од 100 денари и можат да се купат во центарот на градот, од продавницата за играчки „Тргачо“, дисконт„Малта“ кај кружниот тек кај „Бонита“, „Далиа трејд“ на Варош и маркет „Ирис“ во Тризла.
ДВОЈКИ 27. КОЛО (сабота, 3 мај, 16 часот): Победа – Осогово, Саса – Вардар Н., Новаци – Вардарски, Башкими – Скопје, Охрид – Кожуф, Беласица – Детонит, Арсими – Брегалница, Македонија ЃП – Борец.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 57, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52, Беласица и Охрид 39, Детонит 37, Скопје 34, Кожуф и Саса 33, Победа и Вардар Н. 30, Новаци 29, Осогово 22, Борец 13, Вардарски 11.