Фудбал

„НАЈЖЕШКО“ ВО ВЕЛЕС И ВО ЦРНИЛИШТЕ

Трета лига – Југ, 8. коло

 

       Попладнево е 8. коло од Третата фудбалска лига – Југ, каде има неколку интересни дуели. Пред се, во фокусот е дербито во Велес помеѓу лидерот на табелата Превалец и второпласираниот неготински Вардар. Двата тима се единствените досега без пораз, Превалец со пет победи и едно реми, Вардар со четири победи и две нерешени. За дербито да помине во најдобар ред се делегирани докажани, искусни и квалитетни судии – прилепчаните Кирил Смоквоски, Иле Мишески и Борис Трајков. Второто дерби е Ново Црнилиште – Големо Коњари, седмиот го дочекува четвртиот. На игралиштето во Црнилиште ќе судат прилепчаните – Душко Стојсављевиќ, Весна Спиркоска – Тофилоска и Димитар Здравески. Досега Големо Коњари забележа четири победи, едно реми и еден пораз, додека Ново Црнилиште има три победи, два пораза и едно вредно реми од 1:1 со Вардар во Неготино. На останатите мечеви се среќаваат: Младост – Возарци, Обршани – Динамо, Марена – Слога и Росоман – Бучин.

Почетокот денеска е во 16 часот.

Од категоријата

КУП ИМА НА МОГИЛА!

Зоран Иге

(фото) НУЛА-ТРИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ШТО ЌЕ СМЕНИ ПОБЕДА ЗА МЕЧОТ СО ТИКВЕШ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе