Фудбал

ДЕВЕТ ГОЛА ВО ВЕЛЕС, ШЕСТ ВО ЦРНИЛИШТЕ

Трета лига – Југ, 8. коло

Многу голови денеска на дерби-мечевите од 8. коло на Третата фудбалска лига – Југ. Во населбата Превалец во Велес домашниот тим загуби со 3:6 од неготински Вардар. Беше 0:2, па 2:2, па 2:5, на крајот 3:6. За домашните стрелци беа Бобан Атанасовски, Кристијан Маневски и Александар Крстевски, а за гостите Петар Ристовски двапати, Даниел Буровски, Кирил Неделков, Никола Вареловски и Петар Најдов. Ефикасно беше и во Црнилиште, каде домашниот тим Ново Црнилиште го совлада Големо Коњари со 4:2. Хет-трик за домашните постигна Еркан Ибраимоски, а еден гол додаде Беџахудин Сулејмани, додека за гостите погодија Зоран Мирчески и Николче Касниоски.  Останати резултати: Младост – Возарци 5:0, Обршани – Динамо 0:0, Росоман – Бучин 3:1.

В недела интересно ќе биде во Неготино, каде Вардар го чека крушевско Питу Гули.

Од категоријата

НЕСТОР СТРЕЛЕЦ ЗА УДИНЕЗЕ!

Зоран Иге

ШВЕДСКА: РОДНИОТ ГРАД НА КАРЧЕСКИ И ДОНЕСЕ СРЕЌА НА МАКЕДОНИЈА!

Зоран Иге

НА СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП УТРЕ ЕДЕН ЧАС ПОРАНО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе