Во Брежице, Словенија, се одржува Европското поединечно шаховско првенство, на кое меѓу 317 учесници од 40 држави се шестмина претставници на Македонија. Тоа се: ВМ Кирил Георгиев, ФМ Емил Ристески, Филип Михов, ФМ Роберт Велески, Антон Златков и Хедон Мифтари. Засега, по четири одиграни кола, велемајсторот Георгиев е на 105. место со 2,5 поени, по победите над Израелецот ФМ Ори Кочави и над ФМ Валентин Митев, ремито со Словенецот ВМ Марко Тратар, поразот од Украинецот ВМ Јуриј Козубов. Ристески е на 134. место со 2 поена, Михов на 225. и Златков на 241. со по 1,5, Мифтари на 262. и Велески на 269. со по 1 поен. Во тек е 5. коло на кое Георгиев за противник го има ИМ Јаир Парков од Израел, Ристески игра со ВМ Арсениј Нестеров, Михов се среќава со Артем Лутко од Украина, Златков е противник на интермајсторката Зала Урх од Словенија, Мифтари игра со ИМ Ангело Дамиа од Италија, додека Велески е на мегдан со Маркуш Златанович од Словенија.
Досега единствен со сите четири победи е ВМ Гудмундур Кјартансон од Исланд, кој стартуваше од 133 позиција.