Деновиве машкиот ракометен суперлигаш Прилеп треба да добие засилување на пивотменската позиција, искусниот Александар Тренчевски. Тој неколку месеци престојуваше во Финска, за сега пак да биде во родниот град. Најавено е дека ќе се вклучи на тренинзите од тренерот Горан Кузманоски – Таста, за паралелно да се завршат и административните работи со кои се добива правото за првенствени настапи.
Во очекување на настапот на Тренчевски, утре (сабота) во 18 часот во рамките на плеј-аутот и битката за опстанок во Супер лигата, во салата „Ристе Ристески – Ричко“ Прилеп е домаќин на Скопје.