Вечерва завршува првата сезона од една убава спортска приказна, пингпонгарската Бизнис лига – Прилепска пиварница. Дојде денот за доделување на победничкиот пехар. За него ќе се борат екипите Црна Река петрол и Нотар Маркоски. Во полуфиналето Црна Река петрол со 4:1 беше подобра од Халк осигурување, а Нотар Маркоски со 4:2 од Матадор. Така, за трето место ќе има меч Халк осигурување – Матадор.
Вечерашнава програма во пингпонгарската сала зад ДТВ Партизан е од 20 часот.