Екипата на Победа е многу блиску до освојувањето на титулата шампион во фудбалската Младинска супер лига, по одиграното 23. коло. Откако вчера скопски Вардар загуби со 2:1 во Битола од Пелистер, предмалку Победа со 6:0 дома го совлада скопски Работнички, па настана измена на врвот од табелата. Сега Победа е прва со 53 бода, пред Вардар со 52.
Многу важно е дека скопскиот тим има одиграно 22 меча, а прилепскиот 21, па разликата во полза на Победа можно е да се зголеми. Станува збор за 25. коло кога Вардар е слободен, а Победа дома игра со скопски Њу старс. Претходно, во 24. коло се игра дербито во Скопје, Вардар – Победа, а потоа, во последното 26. коло се дуелите Вардар – Ренова и Македонија ЃП – Победа. Шампионот ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.
Инаку, на денешниот меч со Работнички, стрелци на головите беа: Христијан Јосифоски во 17., Давид Иваноски во 20. и 80., Филип Тодороски во 40. и 48. и Давид Дебрешлиоски во 65. минута.
Видео: