Нема да се случи бараж-пресметка во Прилеп. Натпреварот помеѓу прволигашот Тиквеш и второлигашот Воска ќе се игра во Струмица, иако вчера беше одреден Прилеп. Измената од 140 километри е поради безбедноста на гледачите. Веројатно е проценето оти Струмица како пооддалечена од Кавадарци и Охрид гарантира поголема безбедност на стадионот отолку Прилеп. Можеби ќе беше добро, за Прилеп да не остане без ништо, да се одигра тука вториот бараж-меч, Скопје – Беласица.
Сепак, уште од вчера се знае дека вториот бараж за Првата фудбалска лига, Скопје – Беласица, се игра во Штип.