Рано е за официјални информации околу засилувањата во фудбалскиот прволигаш Победа со оглед на тоа што претходното првенство штотуку заврши, но сите фудбалски вљубеници што го сакаат клубот будно ја следат состојбата и меѓу себе си кажуваат што дознале. Така, деновиве меѓу навивачите се зборува дека некој црномурест Африканец дошол во посета на клубот, го разгледувал стадионот. Претпоставката е дека се работи за потенцијален нов фудбалер во Победа, заинтересиран да се пресели во Прилеп. Прилепскиот клуб пак е привлечен како некогаш и не е чудно што многу фудбалери сакаат да му пристапат. Но, во период кога има одмор, а нема веќе тренинзи, службени информации не треба да се очекуваат ни за заминати ни за дојдени.
Сигурно се ќе станува многу појасно како што ќе се приближува денот за почеток на подготовките.