Речиси се е готово во Третата фудбалска лига – Југ, во поглед на борбата за првото место, иако до крајот има уште пет кола. Вардар е убедливо најдобрата екипа, без пораз, а дека е супериорен и со најдобрите ривали, покажа и во неделата. Неготинците дома со 5:0 го совладаа второпласираниот Превалец од Велес. По два гола дадоа Ѓорѓи Шишков и Кирил Неделков, еден Петар Ристовски. Според табелата и распоредот до крајот, неготинци слободно можат да мислат на бараж-,мечот за Втора лига.
РЕЗУЛТАТИ: Динамо – Обршани 4:3, Големо Коњари – Ново Црнилиште 2:4, Вардар – Превалец 5:0, Возарци – Младост 1:0, Слога – Марена 5:3, Бучин – Росоман 2:4.
ТАБЕЛА: Вардар 53, Превалец 45, Росоман 37, Питу Гули 36, Ново Црнилиште 34, Големо Коњари 30, Динамо 28, Слога 26, Марена 23, Младост 16, Бучин 15, Обршани 12, Возарци 6.
СЛЕДНО 22. КОЛО (среда, 1 јуни, 17,30 ч.): Питу Гули – Вардар, Превалец – Бучин, Росоман – Слога, Марена – Динамо, Обршани – Возарци, Младост – Големо Коњари.