Одржано е шестото издание на шаховскиот турнир „Гран-при Прилеп 2022“, со триумф на Дејан Ѓорѓиески. На 14 партии освои 13 поени, постигнувајќи 12 победи и две реми, без пораз. Втор е ИМ Тони Кироски со 12 поени, трет младиот Матеј Ѕвездакоски со 10,5 колку што има и Кире Николоски на 4. место. Ѓорѓиески вторпат е најдобар во досегашната серија турнири. Претходно двдпати победник беше и Кире Николоски, додека по еднаш првото место им припадна на ИМ Тони Кироски и на Мартин Николовски.
Следниот турнир е во јуни.