Фудбал

ИМА УШТЕ ШТО ДА СЕ ГЛЕДА

Доаѓа летото, а во неколку спорта уште има натпревари.

Во пингпонгот, во машката Супер лига се игра финалето од плеј-офот за добивање шампион на Македонија. Се среќаваат: првиот од основниот дел на лигата, Крива Паланка со вториот Младост 96 од Прилеп, актуелен шампион. Со оглед на тоа што во основниот дел двата тима имаа по една победа во меѓусебните дуели, плеј-оф финалето стартува од 0:0, а победник ќе биде оној тим што ќе стигне до две победи. Првиот меч се игра денеска (сабота) во 11 часот во салата „Македонски бранители“ во Крива Паланка, вториот е утре (недела) во 11 часот во Прилеп, во пингпонгарската сала до ДТВ Партизан. Ако има трет натпревар, тогаш тој ќе биде следниот викенд во Крива Паланка. За Крива Паланка настапуваат: Мартин Стаменковски, Лука Стаменковски, Ивор Катиќ, Кристијан Станојковски, Мики Петковски и Петар Митков, за Младост 96 Стефан Костадиновиќ, Петар Костовски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски се на располагање на тренерот Гоце Тошески.

Утре (недела) во 17,30 часот продолжуваат натпреварите од Третата фудбалска лига – Југ. Во рамките на 23. коло лидерот Вардар (53 бода) ме гостува на Бучин (15), додека вториот Превалец (48) оди кај Слога (26) во Лажани. Останати натпревари: Ново Црнилиште – Питу Гули, Големо Коњари – Обршани, Возарци – Марена, Динамо – Росоман (игралиште со вештачка трева во Прилеп).

Не е исклучено, кога ќе се добијат шесте тима, кандидати за трите места во Втората фудбалска лига, еден од бараж-мечевите да се одигра во Прилеп.

Од категоријата

ДОДЕКА ИМА ШАНСИ, ИМА И БОРБА!

Зоран Иге

(фото) ОВДЕ СЕ НАГРАДЕНИТЕ ОД „ПРИЛЕП КУП“

Зоран Иге

ДАТУМОТ ЗА ПРВИОТ СОБИР?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе