Пинг-понг

ПЛЕЈ-ОФ: ДОМАЌИНОТ УБЕДЛИВО ПОБЕДИ!

Денеска се одигра првиот меч од финалето на плеј-офот за добивање машки пингпонгарски шампион на Македонија. Во Крива Паланка домашниот тим со убедливи 4:1 го совлада Младост 96 од Прилеп, се уште актуелен шампион. Поединечно, Ивор Катиќ со 3:1 беше подобар од Андреј Лашкоски, потоа Мартин Стаменковски загуби со 0:3 од Стефан Костадиновиќ. Останатите три меча ги добија домашните со по 3:0, Кристијан Станојковски против Петар Костовски, Катиќ со Костадиновиќ, Станојковски со Лашкоски. Така, Крива Паланка поведе со 1:0 во добиени мечеви и и треба уште еден за да стигне до титулата. Утре (недела) во 11 часот е вториот меч во пингпонгарската сала до ДТВ Партизан во Прилеп. Доколку победи Крива Паланка, ја освојува титулата, ако пак утрешниот меч го добие Младост 96, ќе се игра и трет натпревар, следната недела во Крива Паланка.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИ ОДИГРАА ШАМПИОНСКИ ВО ШТИП!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: НАЈДОБРИТЕ ДЕЛАТ 550 ЕВРА!

Зоран Иге

БОРБАТА ЗА ПЕХАРОТ ПОЧНУВА ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе