Шах

ВЕЛЕСКИ ДЕВЕТТИ ВО БУГАРИЈА

Прилепскиот фидемајстор Роберт Велески беше единствен македонски претставник на Петтиот меѓународен шаховски турнир „Џуни“ во Приморско, Бугарија. Меѓу 49 учесници е на 9. место по одиграните девет кола по Швајцарски систем. Солиден пласман, но може да се каже дека се очекуваше и повеќе од него, со оглед на тоа што ја имаше стартната прва позиција со 2167 рејтинг-поени, пред Петер Фашнахт од Андора со 2149. Велески загуби две партии, ремизира на три, а постигна четири победи, за 5,5 поени. Учествуваа шахисти од Бугарија, Андора, Молдавија, Македонија, Русија, Турција, Украина и САД.

Победи Бугаринот Огњан Стојчев со седум поени.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИ УСПЕШНИ ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ЗА ЕДЕН БОД НЕ ЈА ОСТВАРИ ЦЕЛТА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ ВТОР МЕЃУ 173 УЧЕСНИЦИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе