Шах

ПРВОТО МЕСТО ИМ ПРИЛЕГА НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

По три одиграни и уште две кола до крајот, јасно е дека прилепскиот шаховски тим Пелагон е на дофат на првото место во А-групата од Екипното првенство на Македонија Втора лига во Охрид. Претпоставката е според трите лесни и убедливи победи досега. Во 1. коло со 6:0 совладан е Шах мат од Градец. Партиите ги добија: ИМ Драшко Бошковиќ, ИМ Младен Миленковиќ, ИМ Горан Арсовиќ, Дејан Ѓорѓиески, Горан Готовуша и Мартин Николовски. Во 2. коло триумфот е од 5:1 со Карпош од Скопје, со победите на ИМ Бошковиќ, ИМ Миленковиќ, ИМ Арсовиќ и Готовуша, ремијата на Ѓорѓиески и Николовски. Третата победа е со 5,5:0,5 над 4 Ноември од Битола. Ремизира само ИМ Бошковиќ, а победија ИМ Миленковиќ, ИМ Арсовиќ, Ѓорѓиески, Марјан Дамчески и Николовски. На табелата Пелагон има 6 бода, пред Карпош и 4 Ноември по 4, Ласкер и Шах мат по два, Струга без бод.

Претпладнево се игра 4. коло каде противник на Пелагон е Струга, попладне е последното 5. коло против Ласкер од Охрид.

Од категоријата

ВЕЛЕСКИ ГО ПРЕТСТАВУВА ПРИЛЕП ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ УСПЕШНИ ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ Е ДРЖАВЕН ПРВАК

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе