Конечно, според најавите, УО на РК Прилеп излезе со информација дека е решено прашањето за нов тренер на машкиот ракометен суперлигаш. Таа позиција му е доверена на Грузиецот Реваз Чантурија. Всушност, тој ќе биде во две улоги – играч и тренер. Претходното првенство покрај играч, беше и помошник-тренер на Горан Кузманоски – Таста кој замина во РК Скопје. Изборот на Чантурија не е изненадување, бидејќи тој остави печат и како играч и како човек во државава, вклучително и во Прилеп. Претстојното првенство ќе има задача со подмладен тим да избори опстанок. Сега се очекува датум за старт на подготовките, избор на играчи кои ќе настапуваат за Прилеп.
Новото првенство е од 3 септември.