Ракомет

НАЗНАЧЕН НОВ ТРЕНЕР НА РК ПРИЛЕП

Конечно, според најавите, УО на РК Прилеп излезе со информација дека е решено прашањето за нов тренер на машкиот ракометен суперлигаш. Таа позиција му е доверена на Грузиецот Реваз Чантурија. Всушност, тој ќе биде во две улоги – играч и тренер. Претходното првенство покрај играч, беше и помошник-тренер на Горан Кузманоски – Таста кој замина во РК Скопје. Изборот на Чантурија не е изненадување, бидејќи тој остави печат и како играч и како човек во државава, вклучително и во Прилеп. Претстојното првенство ќе има задача со подмладен тим да избори опстанок. Сега се очекува датум за старт на подготовките, избор на играчи кои ќе настапуваат за Прилеп.

Новото првенство е од 3 септември.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА ШАМПИОНОТ Е ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ЧУДНИ ПРЕСВРТИ ДО ТРИУМФ НА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

ДЕСНО КРИЛО ОД СТРАНСТВО ДОАЃА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе