Фудбалскиот прволигаш Победа е пред одлука за нов тренер. Деновиве ќе биде објавено неговото име, се разбира доколку се постигне договорот, како шго и се очекува. Засега двете страни наоѓаат заеднички јазик и затоа оптимизмот дека може да почне соработката на обострано задоволство. Се работи за познат некогашен фудбалер, потоа и признат стручњак. Штом ќе биде постигнат договор, ќе биде објавено кога стартуваат подготовките, со кој играчки кадар.
Засега се знае дека од досегашните првотимци нема да се смета само на Дарко Анѓелески заминат во Силекс. Но, работите се движат во позитивна насока па можно е сите што придонесоа за прволигашкиот статус да останат, а да се земат и засилувања во согласност со клупскиот буџет. Преодниот рок почна во средата.