Една седмица по Духовден, на 19 јуни 2022, традиционално се одржа славата во село Врбско. Православниот храм во селото е посветен на св. Архангел Михаил, меѓутоа поради тоа што во селото моментално нема жители, а на празникот на 21 ноември патот до таму е понепристапен, одлучено е да не се напушта славењето на овој светител, туку да се премести во лето.
Во црквата се одржа утринска богослужба, а потоа имаше и празнична веселба.
Видео на следниот линк: