По повод православниот празник Св. пророк Илија (Илинден) во црквата „Св. Атанас“ во Никодин- Прилепско, во присуство на многубројни верници се служеше утринска литургија, а потоа се изврши водосвет и одрежување на славскиoт колач.
Прославата ја збогатија реномиран бенд и оркестарот со играорците на КУД „Моминок“ од Прилеп кои со прекрасните ора и песни ги одушевија присутните, и никодинците ги потсетија на времињата кога со гостите играле сретсело.
Благодарност до управата на црквата и годинашните домаќини за прекрасната организација.
За многу години, в година повесели!
ФОТО ГАЛЕРИЈА:
ВИДЕО: