По цел месец санирање на оштетените делови, особено пред двата гола, теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е, безмалку, како што беше пред првенството. Според тоа, може на него да се одржи првиот тренинг на фудбалскиот прволигаш Победа.
Меѓутоа, се уште се чека од од клубот службена потврда дека ќе има прв собир в сабота. Чекањето е до моментот кога треба да биде објавено кој е тренер, шеф на Стручниот штаб. Тоа, конечно, би требало да се знае денеска или утре. Како и во други прволигаши, така и во Победа се решава прво финансискиот дел, потоа се друго. Во клубот се посветија на контакти со потенцијални финансиери, а што од тоа е постигнато ќе се види многу скоро, по првиот собир и во преодниот рок кој е во тек.
Имајќи ги предвид околностите, очекувањето на симпатизерите на Победа е скромно, клубот да биде колку-толку моќен за да обезбеди опстанок.