11.2 C
Прилеп
6 април , 2025
Фудбал

ДОАЃААТ ФУДБАЛЕРИ НА ПРОБА ВО ПОБЕДА

По една недела од тренажниот процес, во прволигашот Победа од денеска па натаму се очекува доаѓање на повеќе фудбалери кои ќе бидат на проба. Доаѓањето се совпаѓа со почетокот на серијата пријателски средби. Првата е утре (вторник) со прволигашот Брегалница, во Штип.  Навивачите со нетрпение очекуваат да видат за кои фудбалери се работи, а Стручниот штаб предводен од Бобан Бабунски ќе го има последниот збор, оценката за нивните квалитети.

Во меѓувреме се случуваат промени. Симпатизерите, кои со внимание ги следат тренинзите, веќе разбраа за заминувањата на Дарко Анѓелески, Оливер Христов, Благој Истатов, Борче Сркески и Даниел Карчески. Но и за тоа дека има нови лица, како Нигериецот Удома Чуквума од Пелистер, Ѓорѓи Јованоски од Слога, Игор Паноски од Воска, Методија Делов од Тиквеш…

Од денеска се очекува приклучок кон екипата на неколку искусни првотимци кои претходното првенство го носеа дресот на Победа.

Од категоријата

МНОГУ НОВИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПОБЕДА ПОЧНУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ

Зоран Иге

(состави, стрелци) ЧЕТИРИ-ТРИ НА ПЕНАЛИ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион