Веќе речиси три недели траат подготовките на прволигашот Победа под водство на тренерот Бобан Бабунски и време е за првите фудбалери што официјално ќе бидат објавени дека потпишале пристапница во прилепскиот клуб. Деновиве се очекува да се случат административните формалности и известување на јавноста за кои засилувања станува збор. Значи, договор е постигнат со повеќемина, но од клубот не избрзуваат пред да се доврши процесот до последниот детаљ. Многу имиња претходно беа спомнати како потенцијални нови, кои веќе тренираа или одиграа контролни мечеви. Меѓу нив се прилепчани-повратници, домашни, но и од странство. Несомнено се работи за играчи кои ќе можат да го подигнат квалитетот на екипата, според критеруимите на Стручниот штаб.
Победа одигра два пријателски меча, со Брегалница и Работнички, а третиот е во вторник во Маврово, со косовскиот суперлигаш Приштина.