Фудбал

ГОЛЕМ БОД ЗА ГОЛЕМО КОЊАРИ ОД ВЕЛЕС

Попладнево беше 3. коло од фудбалската Трета лига – Југ. Неготински Вардар со убедливи 4:0 го доби Младост во Кривогаштани. Стрелци: Кирил Неделков, Дарко Нацев, Марјанчо Илов и Петар Најдов. Крушевски Питу Гули на Могила во Прилеп со 7:0 го совлада бившиот второлигаш Росоман. Головите ги дадоа: Соте Андреески, Мартин Талески, Коста Степаноски, Беким Алимоски два, Филип Кукески и Ѓорѓи Стрезовски. Дерби имаше во Велес, каде домашниот Превалец и Големо Коњари одиграа нерешено 3:3. Стрелци: Антонио Чоков и Бобан Атанасовски два за домашните, а Борче Макешоски, Михо Андреевски два за гостите. Големо Коњари водеше со 3:2, а Превалец израмни во 84. минута. Од другите двојки за одбележување е Марена – Бучин 12:0. Една мошне солидна екипа Бучин доживеа катастрофа. Чудо! Од поразениот клуб информација дека играле без четворица клучни играчи. Натаму, Канатларци – Локомотива 1:1, Обршани – Слога 2:4. На табелата со по 9 бода се Вардар и Питу Гули.

СЛЕДНО 4. КОЛО (25 септември 15 ч.): Бучин – Росоман, Слога – Питу Гули, Локомотива – Обршани, Вардар – Канатларци, Големо Коњари – Младост, Марена – Превалец.

Од категоријата

ПОБЕДА – ШКУПИ

Зоран Иге

ПРИЛЕП: 17-ГОДИШНИОТ АРИФИ НА „РАДАРОТ“ НА БЕЛГИСКИ ПРВОЛИГАШИ!

Зоран Иге

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЛИЦЕНЦЕН ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ ВО ДОМАШНИОТ ФУДБАЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе