Шефот на Стручниот штаб на прволигашот Победа, Бобан Бабунски смета дека на почетокот е еден нов проект во кој треба да се оствари целта – стабилен клуб. Според него, има млади играчи кои многу повеќе покажуваат потенцијал отколку што тоа може да се види на прв поглед или ним им се чини така, како и на луѓето околу.
„Сакам да им дадам шанса на сите, без оглед дали се постари или помлади, сакам да потенцирам квалитет со нивното однесување на тренинг, со своите перформанси и на натпреварите, статистики кои се позитивни за екипата. Значи, мора сите да се стават во служба на екипата, да го дадат она што заедно сме се договориле во однос на фудбалските фази, да учествуваат во напад или одбрана, да покажат игра со која би се гордеела публиката.“, вели Бабунски, кој од денеска ги има на располагање дефанзивците Игор Паноски од Воска и Огнен Ѓурковиќ од Будуќност Добановци, левиот бек Агон Хани од Струга.
Целиот разговор со Бобан Бабунски можете да го погледнете на следниот линк од Радио Пела: