Попладнево е 29. коло од фудбалската Прва лига на Македонија. Фокусот е кон битката за титулата меѓу Струга и Шкендија. Струга (53 бода) игра дома со Тиквеш, а Шкендија (50) дома со Силекс.
Таква борба нема за опстанокот, со оглед на разликата меѓу екипите во долниот дел од табелата. Академија Пандев има реална шанса за директен опстанок со оглед на 23 бода, Скопје за бараж бидејќи има 19, додека Победа е загрозена со 13 бода. Денеска играат: Академија Пандев – Победа, Македонија ЃП – Скопје. Последна двојка е Шкупи – Брегалница. Почетокот е во 16 часот.
TАБЕЛA: Струга 53, Шкендија 50, Шкупи 46, Силекс 43, Брегалница 36, Македонија ЃП 33, Тиквеш и Работнички 31, Академија Пандев 23, Скопје 19, Победа 13.