Фудбал

ШТИП: НАЈВРЕДНИОТ АПЛАУЗ ГО ДОБИ ОВАА ПОБЕДА ОД ПРИЛЕП, ИАКО СЕ СИМНУВА РАНГ ПОДОЛУ!

Животот секојдневно ни дели нови и нови лекции, а така е и во спортот, фудбалот. Навикнати да присуствуваме на громогласни аплаузи за успешните, победниците, шампионите, прваците, можеби најголемо изненадување се аплаузите упатени кон тие што – губат. Токму тоа се случи во саботата во Штип, по второлигашкиот фудбалски меч Брегалница – Победа Прилеп 7:0. Штипската публика уште еднаш на највисоко ниво, со долготраен и громогласен аплауз кон поразениот тим, тимот кој отпаѓа и се симнува ранг подолу, кон третолигашкото друштво, тим составен од млади фудбалери, кадети и младинци. Штипска публика навистина доволно информирана за каков прилепски тим се работи, дека станува збор за кадети и младинци, дури седуммина на 16 години, со просек од 17 години. Млади луѓе коишто наспроти неискуството прифатија да настапуваат за Победа, наспроти поразите на секој противник имаа ниво на воспитание за да му честитаат, со гест човечки, од срце. Така и во Штип беа од една страна честитките за Брегалница, првакот во Втората лига, новиот прволигаш, но од друга она што не се заборава и е долготрајно – аплаузите кон младите од Победа. Така, оваа пролет не се случи ниеден напад кон екипата што губеше, туку само поддршка за опстојувањето, за тренинзите и натпреварите до крајот на првенството. Поддршка за сите во и околу Победа – Управата, спонзорите, донаторите, тренерите, играчите, симпатизерите…

– Тој последен аплауз од штипската публика никогаш нема да го заборавиме. Секогаш во нашиов клуб ќе бидеме благодарни. На штипјаните и нивниот клуб им посакавме среќа, успех во она што претстои, а ние само со работа можеме да ја оправдаме поддршката што ни се дава во најтешкото – велат од ФК Победа Прилеп.

Во Победа и натаму не престануваат со одржувње тренинзи – на игралиштето кај Могилата и на теренот со вештачка трева, а за клубот претстојат значајни одлуки поврзани со надежните, перспективни млади играчи, за кои се заинтересирани други клубови од државава и странство.

 

Од категоријата

МАЛ ФУДБАЛ ВО ПРИЛЕП: ОД ДЕНЕСКА КОЈ ГУБИ – ОТПАЃА!!!

Зоран Иге

ИМА УШТЕ ШТО ДА СЕ ГЛЕДА

Зоран Иге

ДВЕ ПОБЕДИ ВО ТЕТОВО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион