Одиграно е финалето од Купот на Македонија за територијата на ОФС Прилеп, Влазними јуниор (Пресил, Крушевско) и Братство (Житоше, Прилепско). Влазними јуниор, екипа член на Третата лига – Југ, освојувач е на пехарот и тоа по голема борба со домаќинот во Житоше, нов член на Општинската А-лига. Во регуларно време резултатот беше нерешен 5:5. Братство водеше со 5:4, Влазними јуниор израмни во последните секунди од 90. минута на 5:5 преку Суфјан Алиу. Веднаш потоа отсвирен е крајот на регуларниот дел од мечот. Еве ги сите стрелци во тие 90 минути: Онур Имероски 2, Џенан Идризовиќ, Ељмер Османи и Самир Салиу (Братство Житоше) – Гентијан Демири 2, Емрула Велиоски, Емран Фејзулоски и Суфјан Алиу (Влазними јуниор Пресил). По изведувањето на пенал-рулетот, со поголема концентрација и среќа, победник е Влазними јуниор Пресил со 6:5.


Судии беа Иле Мишески, Димитар Здравески и Филип Боцески, а делегат Љубе Ристевски.
Пехарот од ОФС Прилеп на победникот му го додели комесарот за натпревари Љубе Ристевски.
