Прилепчанецот Зоран Даноски го даде единствениот, победоносен гол за Нови Пазар на гостувањето кај Бачка Топола, во 5. коло од фудбалската Супер лига на Србија. Мрежата на домашните ја затресе во 56. минута за конечни 0:1. Ова е втор гол на Даноски есенва за Нови Пазар, по првиот кој го постигна против Чукарички.
Нови Пазар, кој со 6 бода е осми меѓу 16 тима, в сабота пак гостува, на Раднички во Ниш.