Две екипи од странство се најавени за претстојниот Меморијален меѓународен ракометен турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп. Српскиот суперлигаш Дубочица од Лесковац е чест гостин и во далечното минато, преку учеството во Втората југословенска лига и на турнирите „Гана – Мери“. Сега доаѓа и грчкиот суперлигаш ПАОК од Солун, повеќекратен освојувач на титулата шампион и на пехарот од купот. Во сегашниот состав се двајца Срби и еден Македонец, голманот Виктор Гигов.
И другите учесници на турнирот „Миле Нешковски“ се квалитетни – Скопје и Мулти есенс од Скопје, Струга, како и домаќинот Прилеп.
Турнирот ќе трае три дена, од 26 до 28 август во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.
Детали од турнирот од претседателот на Организациониот одбор Рубинчо Седлоски на овој линк: