Во организација на ФАИ (Светската воздухопловна федерација), ВФМ (Воздухопловна федерација на Македонија) и клубот Фил феникс, Прилеп беше домашин на Европското првенство во категорија слободно летачки модели Ф1А (едрилици), Ф-1-Б (модели со погон на гумен мотор) и Ф-1-Ц (модели со мотор на внатрешно согорување). Ова врвно натпреварување се случи на полигонот кај селото Веселчани. Во Ф1А, во конкуренција од 80 учесници, прво место освои Пер Финдал од Шведска, пред Боштјан Багари од Словенија и Емануел Раго од Франција. Екипно, меѓу 26 екипи, првото место го освои Чешката Република, пред Шведска и Унгарија.
Опширно на Радио Пела
https://radiopela.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d1%80%d1%88%d0%b8-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b1%d0%be%d0%b4%d0%bd/