Секое фудбалско дерби во Прилеп е посебно доживување, спектакл. Во седумдесеттите години од 20 век такво дерби е Победа – Вардар. Покрај фудбалски дуел, имаше и придружни настани. На 13 септември 1970 година, на полувремето своја изведба пред 15 илјади гледачи имаше жонглерот Душко Стојановски, студент од Скопје. Успеа да жонглира со пластична топка, што е многу потешко отколку со кожена. Со нозе можеше со часови да ја префрлува на глава, да ја спушта на врат и на рамо, да ја носи на челото. Така дури 35 круга околу игралиштето, што е близу 15 километри. Специјалност му беше одење со топката, при тоа да не му падне на земја. Можеше и да трча со неа.
Стојановски дел од овие вештини прикажа на теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“во Прилеп.