Ракомет

ПРИЛЕП СО ШАНСА ПРВПАТ ДА ГО ОСВОИ ПЕХАРОТ

Машкиот ракометен суперлигашки тим Прилеп со две победи – 28:26 над грчкиот ПАОК и 27:26 со Струга влезе во финалето од седмиот Меморијален турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп. Претстои шансата оваа екипа по првпат да го освои победничкиот пехар. Претходно двапати победник беше битолски Еурофарм Пелистер, по еднаш Охрид, кавадаречки Тиквеш, скопските Пролет и Металург 2. Денеска во 13 часот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ Прилеп во финалето ќе се сретне со српската Дубочица, која дотаму стигна преку победите над скопските, Мулти есенс со 35:22 и Скопје со 39:29.

На турнирот денеска има меч за  5. место од 9 часот (Мулти есенс – ПАОК), за 3. место од 11 часот (Скопје – Струга).

Од категоријата

ВО ИСТ ВИКЕНД ВО ПРИЛЕП ГОСТИ СЕ ВАРДАР И ПРОЛЕТ!

Зоран Иге

ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР ВО РК ПРИЛЕП?

Зоран Иге

КОЈ ЌЕ БИДЕ ФИНАЛИСТ – ДУБОЧИЦА ИЛИ ПРИЛЕП?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе