Ракомет

ШОКОСКИ НАЈ-СТРЕЛЕЦ СО 25 ГОЛА, ДУБОЧИЦА НАДМОЌНА СО ПЛУС 36 ГОЛ-РАЗЛИКА (ФОТО)

Српската Дубочица е победник на седмиот Меморијален ракометен турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп. Во финалето тимот од Лесковац со 36:24 беше подобар од домашниот Прилеп. Почетокот им припадна на прилепчаните, потоа беше рамноправна игра, за до одморот гостите преминат во водство кое постојано го зголемуваа. Дубочица заслужено е прва, со оглед на трите победи и вкупната гол-разлика од плус 36 (39:29 со Скопје, 36:22 со Мулти есенс и 36:24 со Прилеп). Прилеп во групната фаза победи со ПАОК 28:26 и со Струга 27:26.

Конечниот редослед на табелата е: Дубочица, Прилеп, Скопје, Струга, ПАОК и Мулти есенс. Првпат странска екипа го освојува турнирот, бидејќи претходно двапати победник беше битолски Еурофарм Пелистер, по еднаш Охрид, кавадаречки Тиквеш, скопските Пролет и Металург 2. Најдобар голман на турнирот е Ѓорѓи Ерманоски (Мулти eсенс), најдобар стрелец со 25 гола е Давор Шокоски (Прилеп), најдобар играч Марко Радуловиќ (Дубочица).

Салата во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ беше исполнета со гледачи. 

Од категоријата

ТАСТАТА Е РИВАЛ НА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

МОЈСОВ ГО ЗАКАЖА ПРВИОТ ТРЕНИНГ

Зоран Иге

ЗАСИЛУВАЊА ПО 16 ЈАНУАРИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе