Прилепска Победа го доби шампионот на Северна Ирска, Колерејн. Ждрепката е поволна, со оглед на тоа што противникот во фудбалската Младинска лига на шампионите е последнорангиран, на 32. место, а Победа е на 28. Според ова, Победа ја има улогата на благ фаворит. Првиот меч е на гости на 14 септември, реваншот на 5 октомври во Прилеп или Скопје, зависно од тоа дали Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе добие виза од УЕФА. Поуспешниот оди на победникот од дуелот Генк (Белгија) – Славија Прага (Чешка).Северна Ирска првпат има претставник во фудбалската Младинска лига на УЕФА.
следна објава