Фудбал

ЧУДО НА ЧАИР 1:1

Голем, вреден бод зеде Победа од денешното гостување кај шампионот Шкупи.  Во игра каде домашниот диктираше, создаваше шанси, поведе со 1:0, вистинско чудо е што прилепскиот тим успеа да израмни на 1:1. Велиме „чудо“ поради тоа што шампионот очекуваше не само сигурна туку и убедлива победа и кон таа цел го даде максимумот.  Гостинот не мислеше така, не мислеше да се предаде предвреме. Дури и имаше можност да поведе пред самиот крај. Една храбра, пожртвувана игра даде плод. Ова е лекција за сите, лекција за тоа како тим што е потценет со голема верба во себеси може да стигне до својата цел. Бодот е значаен за подигнување на самодовербата во пресрет на следното гостување, кај Скопје.

За Шкупи стрелец беше Реналдо во 81.минута, а за Победа новиот Иван Галевски во 84. Сите петмина најнови се појавија во тимот на Победа денеска.

Од категоријата

(фото) ПОБЕДА ПОЧНА СО НАД 20 ФУДБАЛЕРИ!

Зоран Иге

(аудио) ЗБОГУМ ЗА ПРИЛЕПСКИОТ ВЕЛЕМАЈСТОР ЗА „НОЖИЧКИ“!

Зоран Иге

(состави, стрелци) ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА СОЛИДНА ПРОТИВ ТИМОТ СО ЕКССОИГРАЧ НА МБАПЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе