Фудбалскиот клуб Колерајн од Северна Ирска има сопствен радио-канал кој последната емисија ја посвети на дуелите со прилепска Победа, во 1. рунда од Младинската лига на УЕФА. Во радио-емисијата под наслов „Патување до Македонија“ гостуваше клупскиот менаџер Марти Смит кој најави долго патување за реваншот на 5 октомври во Скопје. Според него, екипата со авион прво слетува до Белгија, оттаму продолжува до Скопје. Во клубот имаат младинска екипа до 20 години која нема право, а ќе настапи таа што е втора по возраст до 18 години која ја освоила титулата во таа категорија. За патувањето кон Македонија на списокот биле 22 фудбалери од кои 18 ќе се одберат за в записник. За Колерајн, клуб со убав мал стадион со капацитет од 3900 седишта, ова е историја затоа што првпат младинска екипа од Северна Ирска се појавува на европската сцена.
И во Победа се во тек подготовките за напорно долго патување кон Колерајн, за првиот меч на 14 септември.