Попладневниот првенствен фудбалски меч од 6. коло на Првата лига на Македонија, Скопје – Победа, важен е за двата ривала, но за прилепскиот од повеќе аспекти. По ремито со шампионот Шкупи, втор успех, поволен резултат, значи не само зголемено бодовно салдо, не само зголемен оптимизам и самодоверба, туку и привлекување многу публика на следниот меч, дома со Брегалница. Практично, од денешниот дуел на стадионот „Железарница“ во Скопје зависи посетеноста на следниот меч на 11 септември во Прилеп. Според информациите од прилепскиот клуб, шефот на Стручниот штаб Бабунски нема проблеми околу составот.
СКОПЈЕ: Ефремов, Димов, Хајдари, Игнатов, Митревски, Калпачки, Чурлинов, Мециновиќ, Најдоски, Тодоровски, Ајрулаху. Тренер: Славчо Георгиевски.
ПОБЕДА: Тофилоски, Симуновиќ, Паноски, Ѓурковиќ, Делов, Хани, Рамани, Б. Спиркоски, Мазари, Џејмс, Амос. Тренер: Бобан Бабунски.
Другите натпревари од 6. коло, денеска од 16 часот: Брегалница – Шкупи, Шкендија – Македонија ЃП, Силекс – Тиквеш, Академија Пандев – Струга. Работнички е слободен.