Почнува првенството од фудбалската Прва лига на Македонија за жени. Во Прилеп попладнео од 16 часот, на игралиштето со вештачка трева е интересен дуел меѓу домашната Деспина и велешки Борец. Нема фаворит ако се земе предвид дека минатото првенство прилепскиот тим беше осми, велешкиот шести на табелата,мечот во Прилеп заврши 3:1 за гостинките, во Велес беше 1:1. Сегашниот состав на Деспина е засилен со новиот тренер Талески и пет нови фудбалерки.
ДРУГИ ДВОЈКИ: Кочани – Ас унитед (Струга), Љуботен (Тетово) – Тиверија (Струмица), Речица (Куманово) – Саса (Каменица), Скопје – Шкендија (Тетово), Кул здравје (Скопје) – Истатов (Скопје).