Првиот меч од 1. коло на Младинската лига на УЕФА помеѓу Колерајн и прилепска Победа ќе се одигра во малиот град во Северна Ирска. Домашниот клуб одреди цена на влезницата од 5 фунти (350 денари). Стадионот има капацитет од 4000 седишта, а мечот е предвиден да биде во вечерен термин, под рефлектори, со почеток во 20,30 часот.
Дуелот кој требаше да биде на 14 септември, поради проблемите со визите и авионските линии се презакажа за в среда, 21 септември.