Наредната среда, на 28 септември е првиот меч од 1. коло на Младинската лига на УЕФА, Колерајн (шампион на Северна Ирска) – Победа (шампион на Македонија). Одредени се судиите за овој дуел. Главен е Том Овен, помошници Конор Еквин и Ричард Долфин, сите од Велс. Делегат е Кристофер Морисон од Северна Ирска. Веројатно сите се од Велика Британија за домаќинот да има минимални трошоци.
Во тек е продажбата на билетите од по пет фунти.